Политика за приватност
Македонско еколошко друштво (во натамошниот текст „МЕД“), преку онлајн платформата www.ptici.mk, која исто така има и мобилна верзија и апликација, ги обработува личните податоци за цели на функционирање како платформа за граѓанска наука, каде што заинтересираните лица ги споделуваат своите набљудувања за птиците низ Република Северна Македонија. Обработката на личните податоци се врши во согласност со правилата утврдени во Законот за заштита на личните податоци, подзаконските акти донесени врз основ на овој закон и целокупната македонска легислатива. Имајќи предвид дека платформата може да ја користат и лица надвор од нашата земја, истата ги исполнува и стандардите поставени со Општата Регулатива за заштита на податоците попозната како GDPR.
Дополнително, со оваа политика Ве информираме дека во однос на платформата www.ptici.mk се преземени сите расположливи технички и организациски мерки, сè со цел да обезбедиме заштита на личните податоци кои Вие ги споделувате доброволно со нас.
Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа Политика за приватност и целосно да се запознаете со содржината на истата пред да ја дадете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци.
За цел полесно дефинирање на поимите во оваа Политика за приватност ќе се водиме според тоа како поимите се дефинирани и во Законот за заштита на лични податоци.
Во оваа Политика за приватност е објаснето на кој начин Македонското еколошко друштво преку платформата ги собира Вашите лични податоци, на кој начин ги користи и управува со нив. МЕД е посветен на заштитата и почитувањето на приватноста на Вашите лични податоци, на заштитата и сигурноста на личните податоци на сите физички лица кои ја користат платформата.
1. КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Контролор на личните податоци обработени преку платформата www.ptici.mk:
Македонско еколошко друштво со адреса на: ул. Архимедова бр. 5, 1000 Скопје,
Контакт: Tелефон: 02 2402 773 E-маил: contact@mes.org.mk
ПОИМИ (ИЗРАЗИ)
„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет..
,,Субјект на лични податоци“ секое физичко лице кое ги споделува своите лични податоци преку оваа платформа.
„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
„Ограничување на обработката на личните податоци“ е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.
„Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.
„Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.
„Корисник“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.
„Трето лице“ е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект на лични податоци, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.
„Согласност“ на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.
ОСНОВ, ЦЕЛИ ЗА ОБРАБОТКА И КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ
www.ptici.mk претставува веб платформа која служи:
како алатка за прибирање на информации за птиците,
за унапредување на граѓанската наука за птиците
ресурс за нови и постоечки истражувања за птиците,
Со регистрација на профил во нашата платформа ќе имате можност да ги собирате, анализирате и да споделите информации за птиците во нашата земја.
Вашата согласност е основ за обработка на Вашите лични податоци кои ги споделувате со нашата платформа, односно Вие ни давате согласност за обработка на Вашите лични податоци кои ги внесувате при постапката на регистрација.
За цели на регистрирање на платформата односно креирање на корисничко име се врши обработка на лични податоци кои е потребно самите да ги Внесете и тоа следните категории на лични податоци: име и презиме и е-маил адреса, по што креирате корисничко име и лозинка.
При посета на сајтот анонимно и со согласност на посетителот се собираат IP адреси, како и технички податоци при секоја посета како оперативен систем, browser, локација според интернет провајдер, уред. Тие информации не се поврзани со името и презимето на регистрираниот корисник
Во делот Најава, се собираат следниве податоци: е-маил адреса, лозинка. При што се приклучувате во нашата платформа.
Понатаму во самата апликација се обработува и гео-локација, која прикажува каде се движи набњудувачот и по завршување на сесијата може да се исклучи со цел да престане да ја следи вашето движење.
4.КАКО И КОГА ГИ СОБИРАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите лични податоци ги собираме при самото креирање кориснички профил на платформата www.ptici.mk, со внесување на Вашите лични податоци од самите Вас, доброволно со Ваша согласност.
5.КАДЕ, КАКО и КОЛКУ СЕ ЧУВААТ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите лични податоци ги чуваме се додека имате активен профил. Вашиот профил можете да го деактивирате со испраќање на порака на адресата ptici@mes.org.mk, по што Вашите лични податоци ќе бидат избришани од веб платформата. Податоците од мобилната апликација се бришат со деактивирање на профилот при што податоците кои се поднесени од ваша страна а се однесуваат на сесиите за птиците ќе бидат зачувани и користени за целите на апликацијата. Податоците кои се внесени преку платформата се чуваат на сервер.
Податоците кои ги собираме преку платформата се неопходни за да може да им обезбедиме оптимална услуга на нашите корисници на платформата. Во случаи кога не сакате да ни ги дадете личните податоци кои ни се неопходни, не можеме да гарантираме дека дадените информации во потполност ќе ги задоволат Вашите потреби.
Обезбедуваме максимална безбедност на Вашите податоци кои се обработуваат. Имаме инкорпорирани правила и процедури за безбедност на информациите, во кои се дефинирани детални мерки и контроли кои ги преземаме заради заштита на личните податоци. Спроведовме адекватни и соодветни технички и организациски мерки за да обезбедиме ниво на сигурност кој е сразмерен на ризикот.
Користиме повеќе-степен пристап кој подразбира лозинка за корисникот, управа, уред, систем и ниво на мрежа со цел на обезбедување на потполна сеопфатна заштита.
Пристапот на местото каде се архивирани личните податоци е ограничен со функциите за контролирање на безбедност на пристап. Вработените кои имаат пристап до овие податоци се обучени и оспособени да го разберат значењето на личните податоци, како и да применуваат интерни процедури за нивна заштита, а кое е поврзано со обврската за чување на доверливоста.
Личните податоци кои се обработуваат исклучиво по основ на согласност на субјектот на кој се однесуваат, се обработуваат во согласност со целта за која се собрани, односно до повлекување на согласноста од страна на субјектот на кој се однесуваат податоците.
Доколку е поведена судска, управна или вонсудска постапка, личните податоци се чуваат до крајот на постапката.
6.ДАЛИ www.ptici.mk, ГИ СПОДЕЛУВА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ СО ТРЕТИ ЛИЦА
Платформата овозможува да се логирате и со Google сметка. Во таа насока Вашите податоци се споделуваат со трети страни/екстензии како Google, и соодветно на тоа подлежат на политиките за приватност на самите провајдери:
Обработката на лични податоци внесена на платформата се извршува од страна на лицата кои се овластени за обработка на лични податоци, при што Вашите лични податоци не ги доставуваме на користење на трети лица, освен во законски предвидени случаи.
7.ВАШИТЕ ПРАВА
Согласно Законот за заштита на личните податоци Вие како субјект на заштита на лични податоци имате право:
- да бидете информирани за обработката на Вашите личните податоци,
- право на пристап до Вашите личните податоци,
- право на исправка а Вашите личните податоци,
- право бришење на Вашите личните податоци,
- право на ограничување на обработката на Вашите личните податоци,
- право на преносливост на Вашите податоци како и
- право на приговор.
За остварување на Вашите права можете да го пополните овој формулар и да го доставите на следната е-маил адреса и на адресата на Контролорот.
Или да не контактирате преку нашиот Офицер за заштита на лични податоци, како и преку e-mail адресата contact@mes.org.mk.
Контролорот за барањето на субјектот на личните податоци е должен да достави информација за преземените активности до субјектот на личните податоци во период од еден месец од денот на приемот на барањето. Доколку е потребно овој рок може да биде продолжен за уште два месеци земајќи ги предвид сложеноста и бројот на барањата. Контролорот го информира субјектот на личните податоци за секое продолжување во рок од еден месец од денот на приемот на барањето, заедно со причината за одложувањето. Кога субјектот на лични податоци поднесува барање во електронска форма, информациите се даваат со користење на електронски средства каде што е можно, освен ако субјектот на личните податоци побара поинаку. Контролорот може да преземе дејствија по однос на идентификување на субјектот на личните податоци, доколку е потребно и/или се сомнева во идентитетот на подносителот на барањето, а согласно Законот за заштита на личните податоци.
Ако контролорот не презема активности по барањето на субјектот на личните податоци, контролорот го информира субјектот на личните податоци без одложување и најдоцна во рок од еден месец од денот на приемот на барањето, за причините за непреземените активности и за можноста за поднесување на барање до Агенцијата, како и за можноста за користење на судска заштита согласно со закон.
8. ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Доколку сметате дека МЕД на било кој начин не ги обработува Вашите лични податоци согласно одредбите предвидени во Законот за заштита на лични податоци имате право да се обратите до:
Агенција за заштита на личните податоци
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
www.dzlp.mk
info@privacy.mk
9. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност за веб платформата www.ptici.mk на МЕД може да се менува и дополнува соодветно на потребите кои ќе се појават од активностите и услугите кои се нудат.
МЕД редовно ги ревидира и ажурира информациите за обработка на лични податоци во согласност со промените во сопствените работни процеси или на основа на обврската која произлегува од релевантен пропис. Важечката верзија на Политиката секогаш ќе биде објавена на web платформата www.ptici.mk. Доколку дојде до значајни промени кои во поголема мерка влијаат на обработка на личните податоци, информацијата без одлагање ќе ја објавиме на платформата и директно ќе Ве информираме преку Вашата е-mail адреса, доколку располагаме со тој податок.
Објавен на 27.02.2025
Ажуриран на 27.02.2025