Услови за регистрација и користење на веб платформата/мобилната апликација

www.ptici.mk е платформа за граѓанска наука, каде што заинтересираните лица ги споделуваат своите набљудувања за птиците низ Република Северна Македонија. 

Со овие Услови за регистрација и користење, Ве информираме за постапката за регистрација како корисник на оваа платформа, начинот на обработка на податоците кои ги оставате преку регистрацијата, и правилата за користење на оваа платформа.

1. Цел на регистрацијата

Со регистрација на профил во нашата платформа ќе имате можност да ги собирате, анализирате и да споделите информации за птиците во нашата земја.

2. Постапка за регистрација 

Со цел успешно регистрирање, односно креирање на профил задолжително е да ги внесете следните податоци:

  • Име и презиме, е-маил адреса и телефонски број како незадолжителен податок.

3. Постапка за укинување на профил

Доколку сакате да го укинете Вашиот профил, истото можете да го направите на самата апликација или да пратите маил до нашите администратори.

4. Политика за приватност

При оставање на Вашите лични податоци, задолжително прочитајте ја нашата Политика за приватност и потврдете дека истото го имате направено преку штиклирање на копчето “Ја прифаќам Политиката за приватност”.

5. Услови за регистрација и користење

За да можете да се регистрирате задолжително морате да ги прочитате овие услови за регистрација и користење и истите да ги прифатите со штиклирање на копчето „ги прифаќам Условите за регистација и користење на платформата“.

6. Активација на профил

Профилот се активира по одобрување на регистрацијата од нашите администратори, по што ќе имате можност истата да ја користите.

7. Корисници на личните податоци

Обработката на лични податоци се извршува од страна на лицата кои се овластени за обработка на лични податоци, при што Вашите лични податоци не ги доставуваме на користење на трети лица, освен во законски предвидени случаи.

8. Чување на личните податоци

Вашите лични податоци ги чуваме се додека имате активен профил. Вашиот профил можете да го деактивирате во било кој момент, по што Вашите податоци ќе бидат избришани од веб и мобилна платформа.

9. Правила кои мора да ги следите како корисници

Профилот можете да го користите исклучиво за утврдената намена на платформата. 

10. Ваши права и останати информации

За информации во поглед на Вашите права произлезени од Законот за заштита на личните податоци, колачињата кои ги користиме на веб страницата и сите останати информации кои се однесуваат на обработката на личните податоци при посетата на веб страницата на www.ptici.mk, како и на мобилната платформа. Ве молиме прочитaјте ги нашата Политика за приватност и нашата Политика за колачиња за подетлани информации во однос на обработката на личните податоци.

Објавен на 27.02.2025

Ажуриран на 27.02.2025