Што е ptici.mk?
Aпликацијата ptici.mk е специјално осмислена за љубителите и истражувачи на птици во Македонија. Таа нуди можност за документирање видови птици кои се среќаваат на нашата територија. Со користење на оваа алатка, корисниците можат лесно да ги идентификуваат и споделуваат своите набљудувања, како и да научат повеќе за различните видови кои живеат кај нас.
Зошто да ја преземете BETA верзијата?
Како корисник, ќе имате уникатна можност да бидете меѓу првите кои ќе ја тестираат оваа алатка и истовремено ќе помогнете во нејзино подобрување. Вашите повратни информации ќе бидат од клучно значење за нашиот тим кој постојано работи на подобрување и додавање нови карактеристики во апликацијата. Со тоа, не само што ќе си ја олесните вашата птичарска авантура, туку ќе придонесете и за развојот на науката и знаењата за птиците во Македонија
Како функционира?
Повеќе за функционалноста, прочитај тука.Откако ќе ја преземете апликацијата, сè што треба да направите е да се регистрирате со Google и да започнете со вашиот прв запис. Апликацијата има интуитивен интерфејс кој овозможува да ги споделувате вашите набљудувања со целата заедница на ptici.mk.
Каде да ја најдете?
Официјалната BETA верзија на апликацијата ptici.mk е достапна за преземање на Android и (наскоро и iOS). Посетете ја нашата веб-страница и кликнете на линкот за преземање за да започнете со вашето птичарско патување уште денес.